Основачот и креативен директор на „Ѕвезда Гранда“ се лекувал прво во Белград, а потоа и во една од најпознатите клиники за овој вид на болест во Франција.
За жал, и покрај големите напори на лекарите и неговата лавовска борба, болеста победи. Инаку, неговата здравствена состојба од летово нагло се влошила и повеќе не учествувал во снимањето на емисиите.
Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст по битка со опасна болест, а се лекуваше во онколошкиот институт „Густав Руси“ во Вилсиф, предградие на Париз.
Тоа е водечки центар за рак во Европа и е рангирана како четврта најдобра онколошка болница во светот според списанието „Newsweek“ и прва надвор од Соединетите Американски Држави.
Институтот третира пациенти со сите видови на рак во која било фаза и е екипиран од специјалисти за третман на ретки и сложени типови на тумори.
Саша починал опкружен со семејството кое цело време му беше најголема поддршка.
Нецела година Поповиќ се борел со опасната и тешка болест. Убеден дека ќе ја победи, се бореше до последен момент. Неговото лекување беше доверено и на лекарите во Париз, каде што редовно одеше на терапија.
Саша за тешката болест дознал случајно откако ја скршил ногата.







