Полициски службеници од БЈБ при МВР денеска (02.03.2025) на наплатната рампа Сопот, велешко, запреле возило „Поло“ со гевгелиски таблички, во кое биле В.А. од Гевгелија и М.Ж. од Хрватска.
При детална контрола, во автомобилот биле пронајдени две торби со вкупно 40 пакувања растителна материја, за која постои сомневање дека е дрога. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес, случајот е документиран, а против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
Истражните органи продолжуваат со работата за утврдување на сите околности поврзани со случајот.






