Првиот човек Марјан Ристески истакна дека до нив секојдневно стигнуваат реакции од граѓани за високите сметки.
„Грабежот мора да прекине. Се размислуваме што да преземеме, дали протести, дали да почнеме со потписи за одземање на лиценца. Сметка отпечатена на еден датум, а корисникот ја добива на крај на месецот и мора да плаќа камати. Од ЕВН велат дека вината е кај поштарот“, рече Ристески.







