Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина вчера, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Покојниот креативен директор на Гранд се лекуваше во онколошкиот институт Густав Руси во Вилезиф, предградие на Париз, каде ги помина последните денови, опкружен со своето семејство и најдобриот тим лекари.
Овогодинешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започна во септември 2024 година, но за прв пат без Саша Поповиќ. Него го замени водителот Воја Недељковиќ, но цело време се консултираше со режисерот иако го немаше. Поповиќ бил свесен за сите настани што се случуваат на снимањето, па го следел шоуто и и давал инструкции на екипата и покрај неговата лоша здравствена состојба.
Поради смртта на магионичарот на шоубизот и творец на најгледаниот ТВ-формат, синоќешната епизода на „Ѕвезда Гранда“ беше откажана и не се емитуваше на Телевизија Пинк.
Гранд продукција исто така го откажа целото снимање на шоуто за следната недела.
Детали за местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна.А, Женски магазин ја имаше можноста пред една година да присувствува директно на снимањата на Гранд во Белград, па направивме и интервју со легендарнот Саша Поповиќ.







