Британскиот премиер Кир Стармер изјави денеска дека Велика Британија ќе ја поддржува Украина колку што ќе биде потребно.
– Имате целосна поддршка низ Обединетото Кралство и ние стоиме покрај вас и Украина колку што е потребно – му рекол британскиот премиер на украинскиот лидер Володимир Зеленски пред состанокот во Даунинг стрит, пренесува Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит на средба со Стармер.
Толпата собрана надвор извикувала додека колоната на претседателот се движеше од Вајтхол, објави Скај њуз, наведувајќи дека Стармер „намерно“ излегол на улица за да го поздрави Зеленски.
Двајцата лидери се упатија кон Даунинг стрит 10 на разговори кои добија дополнително значење по вчерашниот катастрофален состанок на Зеленски со Доналд Трамп.
Стармер излезе од Даунинг стрит и го прегрна украинскиот лидер, со намера сликата да биде видена ширум светот, особено во Белата куќа, оценува британскиот ТВ канал.