Нов жесток удар на Трамп за Зеленски: Не сме веќе заинтересирани за минералите.
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов не е заинтересиран за повторно преговарање или обнова на договорот за минерали со Украина, изјави висок претставник на Белата куќа за Ројтерс.
Според изворот, делегацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски започнала да „моли“ за потпишување на договорот веднаш откако добиле наредба да ја напуштат Белата куќа.
Средбата помеѓу Трамп и Зеленски беше исполнета со тензии, а двајцата лидери повремено си добауваа еден на друг. На почетокот на состанокот, Зеленски му прикажал на Трамп слики од воени злосторства и додал дека верува дека американскиот претседател ја поддржува Украина.






