Со неизмерна тага ја известуваме јавноста дека денес, по кратка и тешка болест, почина Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на „Гранд“ продукција.
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Со децении беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.
Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат вечно преку песните, уметниците, емисиите и сè што создаде. Наследството што го остави е немерливо и го одбележа времето во кое живееше.
Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој најголемата среќа ја наоѓаше во кругот на своите најблиски. Во брак со Сузана, со која делеше години љубов и поддршка, ги одгледа децата Александра и Даниел, на кои им беше огромна потпора и ослонец.
Неговата харизма, неуморна работа и страст кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку сите што имаа привилегија да работат со него и преку сите чии животи ги допре.
Информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат дополнително соопштени.







