МВР информира дека вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Чаир бил пронајден починат Н.Ј.(83) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.






