Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина…
Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли. По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето на императорот Трајан, свети Климент беше протеран во Херсон, каде беше осуден на смрт и фрлен в море со камен околу вратот.
Пострада за Христа во 101 година. Своевремено, неговите мошти ги пронајдоа светите браќа Кирил и Методиј и ги пренесоа во Рим. Свети Климент Охридски го носеше своето име по углед на овој голем Христов светилник.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






