Мајкрософт конечно ја донесе одлуката да го исклучи „Skype“.
Од мај оваа година, апликацијата повеќе нема да биде достапна, а Мајкрософт ги советува корисниците да се префрлат на „Teams“.
„Почнувајќи од мај, Skype ќе биде исклучен. Прејдете на Teams за вашите повици и разговори“, соопшти компанијата во најновото ажурирање.
Skype беше лансиран во 2003 година и Мајкрософт го купи осум години подоцна. Во 2015 година, се обиде да го интегрира во Windows 10, но овој експеримент не помина најдобро, главно поради развојот на други популарни апликации за повици и пораки.
Мајкрософт Тимс беше лансиран во 2017 година како деловна комуникациска услуга базирана на Skype технологија, а со појавата на Windows 11 во 2021 година, кога „Teams“ го замени „Skype“, веќе беше јасно дека оваа апликација ќе биде исклучена.






