Претседателите Володимир Зеленски и Доналд Трамп одржаа прес-конференција од 45 минути во Овалната канцеларија, која заврши со жесток спор за американската помош за Украина.
Конфликтот започна по одговорот на Зеленски на коментарите на потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, дека Украина треба да се согласи на мировните услови на САД.
„Бог да ве благослови, нема да имате војна“, рече Зеленски.
„Не го знаете тоа, не ни кажувајте што чувствуваме“, му одговори Трамп.
По растечката расправија помеѓу двајцата лидери, Трамп рече дека Украина не е во позиција да ги поставува условите за идниот договор.
„Не сте во добра позиција. Ги немате вистинските карти сега“, рече Трамп.
„Не играм карти“, одговори Зеленски.
„Не ја почитуваш оваа земја, не можете да си играте со неа“, рече Трамп.
„Ќе биде одлична телевизија“, рече Трамп по расправијата, а по само неколку минути, прес-конференцијата беше завршена.
Зеленски се сретна со Трамп во Вашингтон на 28 февруари, а двајцата лидери треба да потпишат рамковен договор за природните ресурси на Украина.
Трамп му ја пружи раката на Зеленски, стоејќи пред новинарите.
Посетата на Зеленски беше претходно договорена во тензични преговори кои траеја со недели, бидејќи Украина ги отфрли првичните два нацрт-предлози, презентирајќи ги како еднострани обврски за Украина без безбедносни обврски од страна на Вашингтон.
Долго разгледуваниот договор воспоставува фонд во кој Украина ќе придонесува со 50% од приходите од идната монетизација на државните минерални ресурси, вклучувајќи нафта, гас и логистичка инфраструктура.
Погледнете го видеото:
🇺🇸 PRESIDENT DONALD TRUMP MEETING WITH UKRAINE 🇺🇦 PRESIDENT VOLODYMYR ZELENSKY DEVOLVES INTO ARGUMENT IN OVAL OFFICE
— Evan (@StockMKTNewz) February 28, 2025







