Денес, во попладневните часови и во текот на ноќта, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат понекаде поројни, со можност за ретки грмежи.
Утре, времето ќе остане променливо облачно и релативно топло, со повремен локален дожд. Во недела, на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на некои места ќе бидат пообилни (до 15 l/m2). Температурите ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник, на планините и на повисоките места во западните и северните делови ќе има врнежи од снег. Во овој период ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен северен ветер.
Од понеделник, времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, додека дневните температури ќе започнат да растат.
Во Скопје, врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога повремено ќе бидат поројни. Утре, во делови од котлината, ќе има услови за повремен дожд, а врнежи ќе има и во недела. Ќе дува умерен северен ветер.






