Околу 2.000 граѓани од општина Сорович се собраа денеска на централниот плоштад во знак на протест и почит кон жртвите од трагичната несреќа во Темпи, по повод втората годишнина од катастрофата.
По собирот, демонстрантите се упатија кон железничката станица, испраќајќи јасна порака за правда и одговорност. Меѓу нив имаше луѓе од сите возрасти, а најмногу се истакнаа учениците, кои со своето масовно присуство ја потврдија важноста на борбата за безбедност и правда.















