Неколку лица се уапсени во полициска акција во скопско Арачиново, што се одвива вечерва. Како што објави Телма, откриена е и марихуаната која со камион беше изнесена од склад за преработка на канабис во Јосифово ноќта во четвртокот.
Извори од полицијата потврдија за телевизијата дека е најдена украдената марихуана и дека ќе следуваат повеќе информации.
Во реализација на вечерашната акција во Арачиново беа ангажирани повеќе десетици полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните и посебните полициски сили, како и инспектори од крим-техника.
Инаку марихуаната со тежина од два тона беше украдена од погон за преработка во валандовско Јосифово, во четвртокот наутро. Товарот бил сместен во камион во 200 кутии кој заминал од погонот, а чуварот пријавил дека станува збор за грабеж, објави Телма.







