Шпанската полиција ја уапси една од најбараните жени во Европа, инфлуенсерката Тања Гомез, на островот Ланзароте. Гомез (32) некогаш беше позната манекенка на Инстаграм, но потоа стана позната како кралица на кокаинот во Европа и најбарана жена.
Гомез, која се претставуваше како активист за спасување на кучиња, е обвинета за трговија со дрога, перење пари и формирање криминална организација. Според Европол, таа користела мрежа за спасување кучиња како покривање за своите криминални активности. Иако се претставувала како хуманитарна личност на социјалните мрежи, всушност била вклучена во шверц на големи количини дрога и пари за криминални организации. Таа е обвинета и за незаконско посредување во транспортот на животни низ Европа.
Гомез е во бегство од март 2021 година, кога шведската полиција ја откри нејзината поврзаност со дрога и перање пари за време на рација на менувачница во Стокхолм. Во текот на истрагата било откриено дека, покрај префрлањето на пари за криминалци, таа поседувала големи количини кокаин. По ова, Гомез исчезна и беше во бегство.

Шпанската полиција, според порталот „Ланзароте Дигитал“, добила информација за нејзиното наоѓалиште на почетокот на февруари. Инспекторите ја пронашле и уапсиле на 20 февруари во градот Тиас, Ланзароте. Портпаролката на полицијата го потврди апсењето, а шведскиот обвинител веќе најави барање за нејзина екстрадиција.
Сега, Тања Гомез, која веќе неколку години живеела на Ланзароте, се соочува со сериозни кривични обвиненија кои можат да имаат далекусежни последици за нејзината иднина.








