Нејмар откри дека бил многу блиску до преселба во Баерн Минхен од Сантос, на иницијатива на Пеп Гвардиола.
Бразилскиот фудбалер објасни и како дошло до средбата со тренерот на Манчестер сити:
– Откако ја освоив наградата Пушкаш, татко ми ми се јави во 2 часот наутро. Кога одговорив, ми рече да ја отворам вратата. Бев во моите боксерки, а таму беа татко ми, Пеп Гвардиола и преведувачот на видео повик за да почнат преговори со мене – откри Нејмар.
Сепак, соработката со Гвардиола во Баерн не се остварила бидејќи Нејмар имал други планови. Славниот Бразилец кариерата ја започна во Сантос каде што настапуваше од 2009 до 2013 година.
После тоа, тој се пресели во Барселона чиј дрес го носеше четири сезони од 2013 до 2017 година. Потоа следеше трансфер во ПСЖ, каде што играше од 2017 до 2023 година. Две години беше во саудискиот Ал Хилал, а сега се врати во Сантос.
Гвардиола го водеше Баерн од 2013 до 2016 година со голем успех, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Со Баерн освои вкупно седум трофеи, оставајќи неизбришлива трага во клубот.






