Маж и жена од Тетово, кои се во брак, добија кривични пријави за предизвикување телесна повреда при семејно насилство, откако жената го нападнала свекорот, по што избила општа семејна тепачка, соопшти МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“. На 14.11.2024 во Тетово, во стан во кој привремено живееле пријавените, првопријавената физички го нападнала таткото на второпријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка“, пишува во полицискиот билтен.







