Магнезиумот е важен минерал за многу телесни функции, како што се работата на нервите, регулирање на крвниот притисок и шеќерот во крвта, како и за здравјето на коските. Дневните потреби за магнезиум зависат од возраста и полот – за возрасни мажи се препорачува 400-420 мг дневно, додека за жени 310-400 мг.
Недоволниот внес на магнезиум може да го зголеми ризикот од болести на срцето, додека консумирањето храна богата со магнезиум може да има големи здравствени придобивки.
Сувите смокви се одличен извор на магнезиум. Освен магнезиум, тие се богати со влакна, витамин Б6 и калциум. Авокадото, исто така, е богато со магнезиум, влакна и здрави масти. Тоа има малку јаглехидрати и многу здрави масти, што го прави добар избор за оние кои се на диета со малку јаглехидрати или имаат дијабетес.
Сувите кајсии се вкусна и здрава замена за слатки, а богати се со калциум, железо и витамин А. Една порција покрива 19% од дневните потреби за железо, што е важно за транспорт на кислород, раст и развој. Бананите се богати со магнезиум, како и со витамини Б6 и Б, кои се важни за метаболизам и имунолошки систем.
Капините се исто така богати со витамини Ц и К, како и со манган, што е важно за имунитетот, енергетскиот метаболизам и нервниот систем. Папајата е добар извор на магнезиум и витамин Ц, а содржи и фолна киселина и антиоксиданти.







