Напаѓачот на Интер Мајами и аргентинската репрезентација, Лионел Меси, нема намера да се врати во Барселона, објави новинарот Гилем Балагу.
Според изворот, Аргентинецот не гледа можност за враќање во каталонскиот клуб додека Жоан Лапорта е на чело, иако самиот Меси изразил желба да игра на реновираниот стадион „Спотифај Камп Ноу“.
Меси (37) се приклучи на Интер Мајами во летото 2023 година. Оваа сезона одигра 3 натпревари, постигна 2 гола и запиша 2 асистенции.
Аргентинецот беше дел од Барселона од 2004 до 2021 година, за време на кои одигра 778 натпревари, постигна 672 гола и забележа 303 асистенции.







