Министерот Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил сподели фотографии од операција на која учествувал тој и неговите колеги, а ја извеле на 34 годишна жена.

„Утрово успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка. Таа имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето. Пациентката се чуствува одлично после операцијата, и посакувам брзо заздравување, напиша Филипче.







