Некои работи во врската ги правиме автоматски или му се препуштаме на времето, а за некои мислиме дека се добри.
Но некои студии покажуваат дека одредени постапки можат да бидат навистина опасни за среќна врска.
КОМУНИКАЦИЈА
Опасен проблем е недостигот на комуникација помеѓу партнерите. Тие забораваат да си кажат важни работи, а на крајот комуникацијата потполно престанува. Потрудете се секојдневно да разговарате со партнерот и да ги изразите своите чувства. Комуникацијата е важна за опстанок на врската.
ЉУБОМОРА
Љубомората не е љубов, туку еден вид на болест. Доколку не можете да ги контролирате вашите чувства, можете да побарате помош. За врската никако не е здраво да претурате по џебовите на партнерот, да го прегледувате неговиот мобилен телефон или пак постојано да го испрашувате со кого бил.
ПРИВАТНОСТ
Како љубомората, така и наметливоста е опасна. На секому му е потребно време и простор за себе. Индивидуалноста е важна за секој однос и затоа не досадувајте. Со тоа себе си создавате немир, а партнерот го нервирате.
УЛТИМАТУМ
Поставување на ултиматум за било што во животот е како диктаторски режим. Таков однос никој несака, а вие запрашајте се зошто тоа го правите и се претворате во “мал” тиранин. Можеби е во прашање незадоволство, несигурност или страв, но тоа морате да го решите на друг начин бидејќи со ултиматум само можете да го оддалечите партнерот од вас.






