Овен
Ако продолжите со напорната работа, може да постигнете значајни резултати.
Во љубовта, возможно е да не сте задоволни со ситуацијата, бидејќи често се јавуваат конфликти.
Вашиот имунитет може да ослабне.
Бик
Искористете ја шансата да ги докажете вашите способности и амбиции на работното место. Очекувајте промени во блиска иднина.
Интересен флерт ви носи нов познаник кој ќе покаже интерес за вас.
Можни се болки во нозете.
Близнаци
Засилете ја својата посветеност за да постигнете напредок во работата.
Ако сакате промени во љубовта, ќе мора да го промените својот став.
Чувствителност во градниот кош.
Рак
Можеби се прашувате што следува во работата. Размислете внимателно за следниот потег.
Ќе успеете да освојте личност која ве привлекува веќе подолго време.
Можна е кашлица.
Лав
Пред вас се важни одлуки на работното место. Добро размислете пред да преземете чекори.
Љубовната ситуација може да ви донесе нова и долготрајна врска.
Погрижете се за крвниот притисок.
Девица
Можете да очекувате стабилност на работен план без поголеми проблеми.
Ако сте слободни, ова е одличен период за ново познанство и почеток на врска.
Внимавајте на здравата исхрана.
Вага
Можно е да потпишете важен договор на работа кој ќе биде значаен за вашата кариера.
Во љубовта, ако сакате промена, ќе треба да разговарате искрено со партнерот.
Обидете се да избегнувате цигарите.
Шкорпија
Финансиската ситуација може да се подобри ако вложите повеќе напор.
Подготвени сте да ги покажете своите емоции на личноста која ви значи и да започнете нова љубовна врска.
Овој период е поволен за започнување диета.
Стрелец
Обидете се да останете верни на рутинските работи за да избегнете ризици.
Може да почувствувате дека партнерот се однесува поинаку, што може да доведе до мала криза во врската.
Постои ризик за депресија.
Јарец
Следете ја интуицијата и ќе донесете правилни одлуки. Посветете се на работата за да постигнете напредок.
Не е идеален ден за започнување нова врска, бидејќи може да направите погрешна проценка на некоја личност.
Можни се проблеми со нервниот систем.
Водолија
Иако се трудите да напредувате на работното место, не се забележуваат големи резултати.
Може да почувствувате дистанца помеѓу вас и саканата личност, па ќе размислувате за прекин на врската.
Масажа би ви добро дошла.
Риби
Не е поволен ден за започнување нова работа, можни се неочекувани компликации.
Љубовната ситуација може да ве поврзе со партнер од минатото.
Обидете се да го избегнувате алкохолот.






