Следува период на променливо облачно време, со можност за појава на утринска магла во котлините. Локални врнежи од дожд се очекуваат од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север, во недела врнежите ќе преминат во снег на планините и на некои повисоки места, информираат од УХМР.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, со периоди на сонце. Претпладне се очекува појава на магла во некои котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од -1 до 5 степени, додека максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде околу 3 степени, додека максималната ќе достигне до 11 степени.







