Двајца жители на Гостивар вчера во полиција пријавиле дека биле измамени од сопственик на градежна фирма од градот, кој на двајцата им го продал истиот стан, соопшти полицијата.
„На 24.02.2025 во 18.00 часот во ОВР Гостивар, 42-годишник и 58-годишник, двајцата од Гостивар, пријавиле дека биле измамени од Џ.С.-сопственик на правен субјект за градежништво од Гостивар. Според пријвеното, тој на двајцата им продал ист стан во зграда во Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.






