Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека е во „сериозни разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин за можноста за ставување крај на војната во Украина.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп истакна дека се водат дискусии и за „голем напредок во економскиот развој“ меѓу САД и Русија, додавајќи дека разговорите „течат многу добро“.
Трамп се осврна и на неодамнешниот повик меѓу лидерите на Г7 по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина. Тој повторно изјави дека „војната никогаш немаше да започне ако беше тој на власт“, нагласувајќи ја важноста од постигнување договор кој би го ставил крај на конфликтот.
Според Трамп, лидерите на Г7 имаат заедничка цел за завршување на војната, а тој лично ја нагласи значајноста на договорот за „витални критични минерали и ретки земји“ помеѓу САД и Украина. Овој договор, според него, треба да биде потпишан што е можно побрзо, со цел да му овозможи на „американскиот народ да ги надомести десетици милијарди долари“ потрошени за воена помош за Украина, додека истовремено ќе се стимулира украинската економија.






