Претходникот на Зоран Заев, екс премиерот Никола Груевски во јавен статус пишува за градежните подвизи на неговиот наследник, не само во Дубаи, туку и во Швајцарија и Туркмекистан, вредни над 600 милиони евра.,украдени пари.
Да, Груевски потврдува дека Заев има украдено повеќе од 600 милиони евра за да ги направи овие градби.
– Во време на меѓународна градежна експанзија на Зоран Заев со проневерени па легализирани пари од рекет и други злоупотреби, која уште додека беше премиер се одвиваше во три града во Швајцарија, потоа огромен комплекс апартмани се изгради во Туркмекистан, а сега актуелната градежна инвестиција во Дубаи од над 600 милиони евра, за која тој единствено кажа дека бројката на спратови не била 82 (не кажа дали се 83 или 78, колку квадрати се итн), и ништо друго не демантираше, а во недостаток на нешто со што би можел да ме нападне, деградира и да ја дефокусира јавноста, Заев со неговите инсталации во Македонија, охрабрен од неказнивоста, се обидува повторно да направи медиумска реминисценција на судскиот случај кој лично го креираше и го раководеше со цел создавање на негативна слика за мене со лажна информации и уценети сведоци.
Иако повеќе пати напишав во минатото, сепак помина подолго време, па бидејќи медиумите во кои Заев има влијание го рециклираат под формата на продажба на наводно мој имот, чувствувам потреба уште еднаш јавно да повторам и демантирам, бидејќи јавната кампања против мене на темата запленет наводен мој имот, станови и земјишта, кој ќе се продавал се повторува.
Никаков мој имот никогаш не е запленет“, пишува Груевски.
„Во меѓувреме милионската трговија со челик од Русија преку фирма во Дубаи тече, а неговото семејство имаат покана со купени авио билети и авионски карти за присуство на камен темелникот на градежната инвестиција во Дубаи вредна над 600 милиони евра, наведува екс премиерот.






