Одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски наскоро ќе биде ставен на продажба, потврдија од Агенцијата за управување со одземен имот. Почетната проценета вредност на неговиот имот изнесува околу осум милиони евра, а продажбата ќе се врши по правосилните судски одлуки.
Во понудата ќе бидат вклучени:
• Два стана на „Бихаќка“ (65 м² и 44 м²)
• Три апартмани во „Панорама резиденс“
• Градежно земјиште – „Плацевите на Водно“
Вредноста на становите и апартманите е проценета на 1,9 милиони евра, додека плацевите на Водно се проценети на 5,8 милиони евра.
Груевски, кој во 2018 година побегна во Унгарија по осудата за случајот „Тенк“, доби деветгодишна затворска казна во предметот „Плацеви на Водно“. Судот утврди дека имотот бил купен со пари од донации во ВМРО-ДПМНЕ.
Продажбата на овој имот ќе започне откако Агенцијата за управување со одземен имот ќе добие дозвола од Владата.






