Демократско движење (ДД), партијата која е дел од коалицијата ВЛЕН, реагира на ширење на лажни вести од, како што велат, „штабот на лагите на ДУИ“. Според нив, т.н. „листа за вработувања“ што кружи во јавноста е фабрикувана од ДУИ и нема никаква врска со реалноста.
„Демократско движење не составува никакви листи за вработувања, затоа што ние не сме ДУИ“, стои во соопштението на партијата.
Оттаму истакнуваат дека ваквите дезинформации покажуваат две работи:
1. ДУИ е опседната со Демократското движење.
2. ДУИ е исплашена од преминувањето на здравите структури од ДУИ кон ДД на Изет Меџити.
Од партијата нагласуваат дека сите Албанци ќе имаат еднаква можност за вработување во институциите, без никакви листи или привилегии, бидејќи ова е нивно уставно загарантирано право.






