Во Македонија највисоката просечна бруто плата во декември 2024 година била исплатена во секторот Воздухопловен транспорт, достигнувајќи 200.842 денари. Ова е промена во однос на претходните години, кога највисоките плати биле во секторот Компјутерско програмирање, каде што во истиот период просечната бруто плата изнесувала 154.829 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата во земјава во декември 2024 година изнесувала 65.582 денари, додека просечната нето плата во ноември била 41.999 денари.







