Кирил Лазаров, еден од најголемите имиња во европскиот и светскиот ракомет, продолжува да оставa траен печат, не само преку своите бројни рекорди и успеси како играч, туку и како тренер.
Иако неговата играчка кариера е завршена, неговото име останува препознатливо и во тренерските води.
По реванш натпреварот меѓу Алкалоид и Бриксен во Европскиот куп на ЕХФ, ракометарите на италијанскиот клуб не ја пропуштија шансата да се фотографираат со Лазаров. Македонскиот селектор и тренер на Алкалоид се согласи без двоумење и позираше со младите италијански ракометари, кои гордо ја искористија оваа прилика.
Алкалоид, под негово водство, го доби двомечот со Бриксен со убедлив резултат и со тоа се пласираше во четвртфиналето на третото по ранг европско натпреварување.







