„Не е лошо во никој случај да сте патриот, патриот треба да биде секој човек, тоа едноставно е љубов кон својата држава и својот народ“, вели Спасен во интервјуто за Гламур магазин
Гламур интервју со познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски
Спасен Сиљаноски е еден од најбараните наши македонски фолк пеачи како дома така и надвор од нашата земја. Тој е еден од најголемите македонски патриоти на нашата естрада. Музиката ја сака од кога памти за себе, а неговите професионални почетоци се во 2009 на Роса фест. Детството го поминал во родното село Пополжани-Кичевско и вели дека имал детство какво што би посакало секое дете денес. За неговиот патриотски дух вели дека тоа треба да се има во гените. Со познатиот пејач поразговаравме на уште многу други теми, а што сé ни откри тој во овој наш разговор, дознајте во продолжение…
Прашање: Како му започнува денот на еден музичар?
Да бидам искрен, станувам доцна на пладне, сакам веднаш да се напијам утринско кафе сам во тишина, и да ги прочитам дневните вести како во нашата земја така и за надвор во светот. Едноставно морам да сум во тек со случувањата. А потоа се фокусирам на дневните обврски според мојата агенда.







