По сребрениот успех на Европското првенство во 2024 година, Даниела Алексовска од клубот „Д Стронгест“ оваа година испиша нова историја, освојувајќи златен медал на Европското ММА првенство 2025 што се одржа во Белград, Србија.
Во финалето на женската категорија, Алексовска имаше доминантна победа над Анастасија Хородивска од Украина, која е светска вицешампионка. Мечот го заврши во првата рунда за помалку од една минута, со триаголен зафат (triangle choke). Оваа победа ја направи Алексовска првата Македонка која освоила европска титула во ММА.
Овој историски успех е голем напредок за македонскиот ММА спорт и уште еднаш потврдува дека Алексовска е на врвот на европската сцена.
View this post on Instagram







