Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николовски. Во фокус на разговорот беше инфраструктурната активност како основа за побрз економски развој и зголемување на домашните и странските инвестиции.
Министерот Николовски истакна дека стратешките проекти во транспортниот сектор ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на граѓаните и овозможување одржлив развој.

Во однос на последните измени на Законот за урбанистичко планирање, Николовски нагласи дека не гледа зголемена опасност по плодното земјиште, потенцирајќи дека постојат правни механизми за негова заштита.






