Спектакуларниот нокаут на хрватскиот борец Роберто Солдиќ ги воодушеви љубителите на овој спорт ширум светот.
Хрватскиот борец Роберто Солдиќ се врати во рингот и веднаш го нокаутираше својот противник Сајгид Арсланалиев, и тоа во првата рунда од борбата во велтер категорија.
Роберто, или познат како “Робокоп” се врати после пауза од 22 месеци и 15 дена и на спектакуларен начин покажа дека го заслужува местото помеѓу најдобрите.
Роберто Солдиќ со силер удар го фрли на подот популарниот Сајгид, потег, по кој следеше спектакуларен нокаут. Но, дали вториот удар беше неопходен?
Борбата беше одржана во Катар, во организација на сингапурската One FC. Познатиот новинар Ник Еткин ја прокоментираше оваа борба и изјави:
“Тоа е Роберто каков што го знаеме. Робокоп се врати. Ќе добие и неколку (заслужени) критики поради вториот удар после нокаутот, но можеби и судијата можеше својата работа да ја одработи нешто подобро. Со ова не осудувам никој од нив двајцата”, изјави Еткин.
Како изгледаше самата борба, можете да погледнете сами.






