Среќата е нешто по кое многумина трчаат целиот свој живот, но интересен е фактот што таа не е поврзана со околностите во животот – тоа е нешто кое можеме да го контролираме со своите навики и начинот на размислување.
Кои навики влијаат најмногу на вашата (не)среќа?
1. Чекање на иднината
“Ќе бидам среќен кога…” е една од најлошите навики кои можеме да ги развиеме. Овој начин на размислување става преголем акцент на надворешните околности, а факт е дека самите себе си, сме си доволни за среќа. Наместо тоа, обидете се да бидете среќни сега, во моментов, бидејќи не постои гаранција дека утре ќе биде подобро. Среќата не се наоѓа во иднината, туку во сегашниот момент.
2. Преголем труд во стекннување материјални работи
Луѓето кои живеат во сиромаштија, доживуваат значаен пораст на среќата кога нивните финансиски услови ќе станат подобро, но тоа чувство на среќа брзо исчезнува кога заработката на поголеми суми ќе стане секојдневие. Истражувањата јасно покажуваат дека материјалните работи не носат среќа. Доколку постојано трчате по материјали работи, на крај ќе сфатите дека сте го изгубиле она најважното – времето со семејството, пријателите и времето кое може да биде потрошено на вашето омилено хоби.
3. Останување дома
Кога сме несреќни, склони сме кон повлекување и избегнување на луѓе, но тоа е голема грешка. Дури и кога социјалните активности не звучат примамливо, истражувањата покажуваат дека друштвото и разговорот со пријателите ќе го подобрат вашето расположение и здравје. Доколку забележите дека станувате антисоцијални, натеријате се да излезете, бидејќи друштвото може да ви донесе повеќе отколку што мислите.
4. Чувствување како жртва
Несреќните луѓе често веруваат дека животот е тежок и дека е надвор од нивна контрола. “Животот е против мене, ништо не можам да направам”, ваквиот ментален склоп води во чувство на беспомошност, што ја намалува мотивацијата за промени. Секој пат кога ќе се чувствувате како жртва, запрашајте се можете ли нешто да промените во ситуацијата.
5. Песимизам
Песимизмот е како отров за среќата. Кога очекувате лоши работи, веројатно и ќе ги привлечете. Започнете така што ќе го промените начинот на размислување – превземете важни чекори, кои ќе направат да се чувствувате дека негативните мисли не секогаш се логични. Во овој момент, ќе можете да ги гледате работите од позитивна перспектива.
6. Постојано жалење
Жалењето не само што е фрустрирачки, туку може дополнително да го влоши чувството на несреќа. Истражувањата покажуваат дека постојаното повторување на негативните мисли за животот само го продлабочува чувството на незадоволност. Иако понекогаш треба да ги споделите грижите со некој, треба да внимавате да не ја преминете границата.
7. Преувеличување на проблемите
Лошите работи им се случуваат на сите, но среќните луѓе ги сфаќаат како привремени работи, додека несреќните луѓе секој негативен момент го гледаат како знак дека целиот нивен живот пропаднал. Среќните луѓе знаат како да гледаат на работите кои им се случуваат.
8. Игнорирање на проблемите
Несреќните луѓе често се обидуваат да ги игнорираат своите грешки и проблеми, што само по себе ги прави многу поголеми. Учењето од грешките може да ни помогне да се развиеме и станеме подобри личности. Доколку избегнувате соочување со проблемите, само го зголемувате чувството на беспомошност.







