Голем дефект кај трафостаницата во близина на Културниот дом остави без електрична енергија половина од Тетово. Според неофицијални информации од вработени во ЕВН, отстранувањето на проблемот ќе потрае, а можно е струја да нема до вечерните часови.
Екипите се на терен и работат на санација на дефектот, но засега нема официјален рок за нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.







