Тој бил уморен и измрзнат, како што истакна полицискиот службеник Антонио Скванси.
„Пешакот“ ѝ рекол на полицијата дека се скарал со неговата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во покраината Комо во северна Италија. Тој прво со воз се упатил кон Милано, а потоа почнал да пешачи. Негова цел била областа Апуља на југот на земјата.
Градот Фано се наоѓа на 380 километри од централната станица во Милано. Според Google Maps, за ова патување би биле потребни 79 часа пешачење.
Полицијата го одвела 48-годишниот мажот во хотел и ја повикале неговата сопруга да дојде и да си го прибере дома.







