Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва напиша дека Украина е подготвена за силен, ефективен договор за инвестиции и безбедносен договор со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ова го напиша Зеленски на социјалната платформа Х по средбата на 20 февруари со американскиот претставник Кит Келог во Киев. Тој посочи дека неговиот тим го предложил најбрзиот и најконстуктивен начин за постигнување на резултати.
„Нашиот тим е подготвен за работа 24/7“, напиша на Х, Зеленски.
Зеленски во објавата рече дека имале добра дискусија со многу важни детали, заблагодарувајќи им се на САД за сета помош и двопартиска поддршка за Украина и украинскиот народ.
„Важно е за нас и за целиот слободен свет да се почувствува силата на Америка“, рече тој.
Зеленски додаде дека имале детална дискусија за ситуацијата на бојното поле, како Украина може да ги врати воените заробеници и ефективни безбедносни гаранции.
„Од првиот момент на оваа војна, Украина се стреми кон мир. Мораме и можеме да обезбедиме овој мир да биде силен и траен за Русија никогаш повеќе да не се врати со војна“, рече Зеленски по разговорите со американскиот претставник за војната во Украина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.







