Лос Анџелес Лејкерси претрпеа пораз на домашен терен од Шарлот Хорнетс, со резултат 97-100 во НБА лигата, а овој натпревар беше одбележан со еден атрактивен потег.
40-годишниот Леброн Џејмс изведе неверојатна атракција со која ја крена публиката на нозе. Во една акција откако Дончиќ остана затворен, ја одложи топката до Леброн кој беше зад линијата за три поени. Тогаш ветеранот се залета и заби преку Марк Вилијамс кој е висок 2,13 метри.
На овој „постер“ од Џејмс за Вилијамс интересна беше реакцијата на синот Брони кој се држеше за глава на клупата.
Погледнете го видеото:






