Предностите се бројни – отвора пори, ги отстранува мртвите клетки, помага против акни и проблематичен тен и ја поправа циркулацијата.
Најмалку на две недели, добро е да го исчистите своето лице со оваа техника. Постапката се започнува со чистење на вашето лице.
Потоа земете сад со топла вода и ставете го вашето лице над садот, прекријте ја вашата главаа со крпа и останете неколку минути. Бидете внимателни, водата не смее да биде многу жешка за да не се попарите.
Потоа измијте го вашето лице. Ефектот е многу подобар на овој начин бидејќи го миете вашето лице додека вашите пори се отворени.
Оваа техника, и покрај технологиите и препаратите, дефинитивно се задржа како многу важна техника за нега, а ја користеле уште и старите Римјани.
Предностите се бројни – отвора пори, ги отстранува мртвите клетки, помага против акни и проблематичен тен и ја поправа циркулацијата.
По ваша желба, можете водата да ја “зачините“ со некој чај за смирување, како што е на пример камилица.
ВНИМАНИЕ
Доколку боледувате од болести на кожа кои предизвикуваат црвенило, ако кожата ви е склона кон црвенило или имате почувствителни капилари, немојте да применувате парење на лицето. Исто така, ако при парењето почувствувате каква и да е непријатност, веднаш сопрете ја постапката.







