Италија веќе се подготвува за повлекување на американските трупи од составот на КФОР, што би ја оставило Европа „сама“ да го заштитува Косово „од пријателот на Путин и моќната српска армија“, тврдат извори на „Билд“.
Нашата посветеност на стабилноста на целиот Западен Балкан е цврста. КФОР го продолжува својот мандат. САД и понатаму имаат клучна улога во КФОР со повеќе од 600 војници, одговори НАТО на барање од косовската телевизија „ТВ1“.
Европски функционери се плашат дека Доналд Трамп би можел да му го исполни на Владимир Путин барањето од 2021 година – американските војници да се повлечат од сите земји што станаа членки на НАТО по 1990 година, но и од мировните сили на Косово.
Европски функционери се убедени дека Трамп ќе се согласи со повлекување на американските трупи од Балтикот, а можеби и подалеку на запад. Нема дискусии за копнената база Рамштајн во Германија и за воздухопловните бази во Британија, пишува „Фајненшл тајмс“.






