Најмалку 59 луѓе починаа, а 38 се наоѓаат на интензивна нега во болници во Анкара по консумирање на алкохол кој бил произведен во дестилерии без дозвола.
Врховното јавно обвинителство во Анкара отвори истрага и уапси 28 луѓе од кои 25 се пуштени на слобода со судски надзор, пренесува „Хуриет“.
Тие се сомничат за криумчарење на алкохол и „предизвикување на смрт со можна намера“.







