Најмалку 15 лица се повредени после пад на авион на американската компанија Делта, на меѓународниот аеродром “Пирсон” во Торонто, јавуваат американските медиуми.
Аеродромот соопштил дека инцидентот се случил по слетувањето и дека авионот на компанијата Делта пристигнал од Минеаполис.
Здравствената служба наведе дека во авионот имало околу 80 луѓе, а во моментов не се знае точниот степен на повреди.
Здравствената служба соопшти дека испратиле три воздушни возила на итната медицинска помош, две од Торонто и едно од Лондон на аеродромот.
На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа авионот, целосно превртен на пистата.
Насекаде околу авионот, снег.
Се огласи и аеродромот преку социјалната мрежа Икс.
На снимките од CTV News е прикажан превртен авион покрај пистата, без крила.
Болничарите изјавиле дека примиле извештаи околу 14 часот по локално време за авионска несреќа која се случила на аеродромот.
“Екипите на итната медицинска помош реагираат. Сите патници и посадата на авионот се земени во предвид. Повеќе луѓе се здобиле со повреди после падот на авионот на аеродромот Пирсон”, велат болничарите.
Моментално се затворени сите безбедносни и царински пунктови на аеродромот.
@dailymail A Delta Airlines plane is seen upside down at Toronto Pearson International Airport after a crash-landing Monday. Eight people are reportedly injured. This is a developing story. Read DailyMail.com for updates. 🎥: John Nelson #news #breakingnews #plane #planecrash #toronto #deltaairlines #delta ♬ original sound – Daily Mail






