Василија Петрова, фолк-пејачка од Ќустендил што гради музичка кариера во Македонија, предизвика вознемиреност во Бугарија со своето идентификување како Македонка.
„Наша пејачка, учесничка во ‘Гласот на Бугарија’, се изјасни како Македонка, пее за радикална партија“, е насловот на напис за Петрова на бугарската вебстраницата „Сигнал“, во кој „бабарогата“ е ВМРО-ДПМНЕ.
„Бугарската фолкерка и учесничка во ‘Гласот на Бугарија’, Василија Петрова, се одрече од потеклото и се изјасни како Македонка. Уметничката сè повеќе време поминува кај нашиот западен сосед, каде настапува како артист од крајно радикалната ВМРО. Партијата е позната по тоа што е против вклучување на Бугарите во Уставот на земјата.
Василиа дури и го смени пишувањето на своето име на сите социјални мрежи со Василија.
Пошироката македонска јавност ја запозна Петрова преку нејзиниот настап во емисијата „Мерак меана“ на Сител ТВ и впечатливата интерпретација на хитот „Со Господ напред“ на Војо Стојановски, со кој ја освои првата награда од публиката на фестивалот на македонската патриотска песна „Гоце фест 2004“, пренесува expres.mk







