Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, се сретна со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во просториите на Куќата на фудбалот.

На средбата се разговараше за идните планови, важноста на спортот за младите генерации и заложбите за унапредување на фудбалот во Македонија.

„Со лидерството, искуството и страста на Масар за фудбалот, убеден сум дека Македонија ја чека светла иднина,“ истакна Ѓорѓиевски, посакувајќи успех на тимот на ФФМ во создавањето трајно наследство за македонскиот фудбал.







