Бугарскиот претседател Румен Радев, на средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, во Минхен, порача дека Бугарија нема да прифати измени на досегашните договори со Северна Македонија.
Тој истакна дека европската интеграција на Западен Балкан е можност за зајакнување на стабилноста во регионот, но нагласи дека Северна Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година.
„Бугарија не поставува нови барања, но ниту прифаќа промени на веќе постигнатите договори, кои се дел од рамката за пристапните преговори“, рече Радев.






