ТикТок корисничката Каролин доживеала вистински магичен момент во Северна Каролина.
Во текот на возењето низ шумата, ненадејно здогледала нешто кое и го одземала здивот – целосно бел елен чиј бели влакна сјаат во зимската идила.
Ова ретко и неверојатно суштество било снимено со телефон, а шансите да видите нешто вакво се исклучително мали.
Според извештаите на порталот Buck Manager, се работи за албино елен, што значи дека станува збор за генетска мутација која се јавува само во еден од 100.000 случаи. Албино животните се посебни и единствени – нивната необична, светла боја е она што ги разликува од сите други животни, а поради својата реткост станаа предмет на фасцинација.
Видеото предизвика бура позитивни коментари.
Албино елените не само што се ретки, туку во многу култури се сметаат за свети и сомбилизираат среќа. Во келтската митологија, овие елени се поврзани со мистични моќи. Една од легендите зборува за бел елен, кој во приказната за кралот Артур значел дека е време неговите витези да го продолжат својот поход.
@carolynnrs Shared a magical moment with this pretty girl on my way home from work ❤️ #albinodeer ♬ Winter Melody – Jacob’s Piano






