Рускиот напад на топлана во Миколаив во јужна Украина остави повеќе од 100.000 луѓе без греење, известија украинските власти.
“Ова е уште еден јасен доказ дека Русија води војна против нашиот народ и живот”, напиша украинскиот претседател на социјалната мрежа Икс.
Премиерот Денис Шмихал објави на Телеграм дека нападот кој се случил во текот на ноќта имал за цел да ги “остави луѓето без греење на температури под нулата, со цел да се предизвика хуманитарна катастрофа”.
Штетата не можела да се санира денес. Шмихал изјавил дека локалните власти воспоставиле 67 локации за греење на жителите.
Украинските власти соопштија и дека започнале со поставување на три мобилни топлави во здравствените домови.






