Полициските службеници во текот на вчерашниот ден извршија серија апсења во пет македонски градови.
Четири лица се приведени кај Велес откако кај нив била пронајдена дрога.
-Вчера во 17 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ѓ.(48) и Х.Џ.(43); двајцата од Скопје, и Л.М.(56) и Д.Б.(29), двајцата од Велес. Имено, кај местото „Петрово чешмиче“, велешко, било сопрено патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ., а сопатници биле Х.Џ., Л.М. и Д.Б.. При тоа, Х.Џ. под колата фрлил пакување со кафена грутчеста материја и кафена прашкаста материја. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Во Скопје падна и штипски дилер кај кого била пронајдена поголема количина дрога.
-Вчера во 16.55 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Ч.(38) од Штип, затоа кај него биле пронајдени и одземени околу половина килограм бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Дилер падна и во Струмица. Полицијата упаднала во неговиот дом со судска наредба.
-Вчера во 17.40 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Р.(52) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Дрога била пронајдена кај повеќе лица во текот на вчерашниот ден.
-Во 01:00 во Центар во Скопје приведен е 45-годишниот Н.П. Поради поседување марихуана.
-Во 01:50 во Центар во Скопје приведен е 41-годишниот Н.Б. Поради поседување марихуана и бела грутчеста материја.
-Во 23:30 во Кисела Вода во Скопје приведен е 41-годишниот В.С. Од Скопје поради поседување на прашкаста материја и марихуана.
-Во 15:50 приведени во Прилеп се 29-годишниот Д.Р. И 32-годишниот М.С. Од Прилеп поради поседување марихуана.
-Во 10:35 во Битола, 25-годишниот В.Б. Од Битола бил фатен од полициски службеници, а бил баран поради издржување на казна затвор од три месеци.






