Владимир Петровиќ се прослави со улогата на Боба во “Луди години” и серијалот филмови “Жикина династија”, но одлучи да не ја продолжи актерската кариера.
Интересно е што Марија и Боба се дефинитивно најпопуларниот пар од југословенската кинематографија, но ниту Риалда Кадриќ ниту Владимир Петровиќ после “Луди години” не остварија поголема актерска кариера, иако имаа огромен потенцијал.
Владимир одлучил да се фокусира во сферата на маркетингот и со години е сопственик на една маркетинг агенција.
“Имам маркетинг агенција и со таа работа се занимавам веќе со години. Сме правеле разни реклами”, изјави Владимир, а факт е дека многумина денес не би го препознале на улица.
Во гостување на познатата емисија “ТВ лица како целиот нормален свет”, Владимир изјавил: “Имајќи во предвид што со сопругата потекнуваме од семејства на разведени родители, направивме се што можеме да не го доживееме тоа”.
Како што додаде во текот на емисијата, најмногу сака да поминува време со своето семејство, а посебно со своите внуци.








